Новости Вести Elitte Sofa

​Совети за купување мебел од кожа

0 Comments
3350

Иако обично кожниот мебел е со повисока цена од мебелот во штоф или микрофибер, сепак, со својот квалитет секогаш ја оправдува цената. Поседувањето кожен мебел во домот или работната просторија важи за луксузна варијанта на опремување на просторот. Кожата е единствениот природен материјал кој се користи за тапацирање на мебел, а со својот квалитет секогаш ја оправдува цената. Ваквиот мебел е најпријатен за човековата кожа, поради тоа што кожата „дише“, но и поради тоа што ваквите парчиња мебел траат навистина долго.

Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за купување на аголна гарнитура, или тросед, двосед и фотелја, ваквите парчиња мебел секогаш ќе делуваат софистицирано и префинето во вашиот простор.

Кога купуваме мебел, сакаме тоа да биде квалитетен мебел кој ќе трае долго. Мебелот од кожа може да се најде во разни варијанти, стилови и квалитет. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат при купувањето на ваков мебел.

Изберете стил

Кожниот мебел може да се најде во многу различни стилови, за да ги задоволи различните потреби. Минималистичкиот мебел со јасни линии го задоволува модерниот стил, додека мебелот со поголеми димензии, поделен со перници на неколку делови, повеќе одговара на традиционален стил. Овој мебел ќе ви трае со години, така што, изберете мебел што ќе го покаже вашиот личен стил и печат.

Разберете го квалитетот на кожата

Кожата може да има природни „несовршености“, како што се дисколорација, флеки и нерамномерна површина на некои делови. Кога купувате кожен мебел, имајте го тоа на ум, и знајте дека тоа не е мебел со грешка и не ја намалува неговата цена. Ако планирате да купувате повеќе парчиња кожен мебел, купете ги сите одеднаш, или со мала временска разлика, бидејќи кожата со годините го менува изгледот, и добива посебна убавина, па поради разлика во староста може да дојде до несогласување на различните парчиња мебел.

Грижете се за кожата

Кожата е многу лесна за одржување, со тоа што од време на време ќе треба да ѝ посветите внимание и да ја потхраните со средство наменето за тоа.

Бирајте квалитет

Вештачката кожа има помал век на траење, може многу брзо да ја изгуби својата боја и естетската функција, додека мебелот од природна кожа со текот на годините не се уништува, туку се разубавува.

Следејќи ги овие совети, кожниот мебел ќе ве служи навистина долго. Предноста кај него е во тоа што лесно се брише, а прашината и потта нема да се впијат во кожата. Ако нешто истурите, едноставно може да го избришете местото без да остане дамка.

0.0
Last Modified: Tuesday 09 February 2016 12:31
Related Articles: Пролетни попусти на сите производи
soveti